28/03/2024
Македонија

99 прекршоци за неносење лична заштита на лицето на подрачјето на СВР Охрид

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 99 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-65, Струга-12, Кичево-22). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 33 контроли врз угостителски и други објекти.