23/07/2024
Писма/Колумни

А можеме ли да бидеме подобри, вреди ли?

Последен ден од месец jануари. Ноќ, тивка,убава, пријатна. Изморена од дневните обврски легнувам, но не можам да заспијам. Нешто ме гризе, не се чувствувам добро. Помина веќе еден час, а моите очи никако да се предадат како да не сакаат да кренат бело знаме. Навираат мисли, ми се бранува душата. Што ли е? Почнуваат солзи да ми ги топлат образите, се бунат, па запираат. Се присетувам на моменти кои ми ја стоплиле душата, ми дале надеж, мотив, желба, ме научиле да ценам и да бидам добра. Сте се запрашале ли, колку може една мала добрина да промени многу нешта? Јас, многу пати. Често се растажувам кога гледам болни,сиромашни, гладни, измамени… Колку би бил светот поубав кога сите би размислувале за мир, љубов, добри дела… За жал светот не е убав, се` е изобличено и лажно дури и детските игри не се тоа што беа, храната што ја јадеме не e вистинска. Се е виртуелно, вештачко како целата лошотија да ги навјасала светот, го разболила. Да, светот ни е болен, а лекот е многу редок. Добрината е лекот, но е застапен во многу мали количини кај определени индивидуи. Ова зло мора да престане.Никогаш нема да згрешите ако ја пружите раката и помогнете. Мал гест за големи дела. И запомнете: Доброто со добро се враќа.

Николина Ѓореска – Студент на УИНТ „Св. Апостол Павле“

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.