24/04/2024
Спорт

А репрезентацијата на 68 место на листата на ФИФА, најдобар пласман од 2010 година

Најдобрата македонска репрезентација бележи нов скок на листата на најдобри светски репрезентации на ФИФА и сега сме рангирани на 68. место. Оваа позиција е најдобрата за македонската селекција од 2010. година. По триумфот над Летонија и ремито со Словенија, нашите најдобри фудбалери успеаја да скокнат за три позиции во однос рангирањето од минатиот месец. 68-ма позиција ја делиме со селекцијата на Гвинеја, а пред нас се Обединети Арапски Емирати, Брегот на слоновата коска, Мали и Боливија.

Најголемиот напредок на новата листа го направи Израел кој скокна осум позиции и е на 84. место, додека најголемиот пад го има Австрија, која падна 11 позиции и се наоѓа на 34 место на ФИФА-листата.

Од нашата квалификациска група подобри се Полска (20), Австрија (34) и Словенија (63), а под нас се Израел (84) и Летонија (134).

Во топ 10 се Белгија, Франција, Бразил, Англија, Хрватска, Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.