19/04/2024
Охрид

Абдулах Шарчевиќ, добитник на Светската награда за хуманизам за 2021 година

Добитник на Светската награда за хуманизам за 2021 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент на сите меридијани, еaкадемик Абдулах Шарчевиќ, редовен член на Академијата на науките и уметностите на БиХ, еден од водечките филозофи и мислители на Балканот и поширко во Европа.

Професор Шарчевиќ е петнаесетти добитник, по ред, на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците: Александр Солжењицин, Херта Милер, потоа, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, како и Романо Проди, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.

Во писмото до претседателот на интернационалното жири, амбасадорот Јордан Плевнеш, професорот Абдулах Шарчевиќ,мегу другото, нагласува: „Исклучително сум почестен што Охридската академија на хуманизмот го вброи моето име на оваа светска награда со огромен престиж што досега била доделена на личности кои оставиле длабоки траги во светската историја на хуманизмот. Со голема радост ви потврдувам дека ќе дојдам во Охрид за да
го примам ова високо признание.“

Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 18 јануари, наспроти големиот празник Богојавление, во Kуќа Уранија (МАНУ) во Охрид.

Пригодни беседи за Шарчевиќ ќе одржат Јордан Плевнеш и акедемик Георги Старделов, бидејќи почетокот на универзитетската кариера на Шарчевиќ е врзан за Филозофскиот факултет во Скопје, а потоа продолжува во Сараево, Загреб и во повеќе европски и американски универзитети.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески ќе му ја врачи наградата на добитникот Шарчевиќ, во присуство на поголема меѓународна асемблеја на гости, меѓу кои и претставници и градоначалници од збратимените градови на Охрид од Европа и градовите по покровителство на УНЕСКО.

Потоа, лауератот Шарќевиќ, со своја беседа ќе се обрати на присутните.

Следниот ден, 19 јануари 2021 година, ќе се одржи Меѓународна онлајн конференција со наслов:„Охридската школа на хуманизмот од Средниот век до денес во Европа и светот“, на која, меѓу другите, ќе учествуваат претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, Жан-Патрик Конрад – претседател на Европската академија на науките и книжевностите во Лондон, Ралица Русева – историчар на уметноста, од Софија, Бугарија, Рикардо Бризи – социолог на Универзитетот во Болоња, Италија, професор Фабрис Далмеида, професор Пантеон Асас, Сорбона, во Париз, Франција.

Веле Митаноски