20/04/2024
Охрид

Адаптација на тротоарите за полесен пристап на лицата со инвалидитет

Општина Охрид во соработка со Јавното претпријатие „Градски горобишта“, започна градежни активности за адаптација на тротоарите со цел да им се олесни движењето на лицата со инвалидитет. Денеска, активностите се одвиваа на тротоарите што се наоѓаат на пресекот на улиците „Партизанска“ и „Јане Сандански“.

Предвидено е во наредниот период да се продолжи со адаптацијата, најпрвин да се опфатат по фреквентните улици, а подоцна и другите.