07/10/2024
Македонија

Адеми: Научно-Истражувачки центар за дијаспора и миграции во рамки на УКИМ

Денеска министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, задолжен за дијаспора Едмонд Адеми потпиша меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, претставен од Ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски.

Потпишаниот меморандум помеѓу министерот Адеми и УКИМ предвидува јакнење и зголемување на соработката за прашања од заеднички интерес во областа на дијаспората, со фокус на научната дијаспора. 

Со овој меморандум страните се договорија за формирање на научно-истражувачки центар за дијаспора и миграции во рамки на Универзитетот Св. Кирил и Методи. 

Дополнително страните се согласија со овој меморандум да се преземат заеднички активности кои ќе ја зајакнат меѓусебната соработка во форма на поддршка за развој на политики и стратешки документи за дијаспората, ефективен ангажман на дијаспората во области од интерес за државата, како и други сродни активности во меѓусебна координација.

Потписничките страни се договорија да се одржуваат редовни взаемни консултаци за прашања кои се однесуваат на овој меморандум, а со цел и реализација на предвидените активности.