АК „Брег на младоста“ организира прием за сите свои помагатели

Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ – Охрид, веќе седма година ги одбележува настаните и активностите кои ги организираше минатата година под мотото солидарност, хуманост, акцијаштво и волонтеризам.

„По тој повод ќе организираме мал прием на 16.01.2018 година (вторник) во 12 часот во просториите на Црвениот крст – Охрид, на кој оние кои несебично ја подржаа нашата идеја и остварувањето на програмските цели и задачи на здружението.“ – велат од АК „Брег н младоста“ Охрид.

Младите акцијаши ќе ги поздрави и градоначалникот на Охрид д-р Јован Стојаноски.