05/12/2024
ОхридСпорт

АК „Охрид трчаТ“ учествуваше на атлетскиот митинг „Светски ден на атлетиката“

Изминатиот викенд во организација на Атлетска федерација на Северна Македонија во Скопје се организараше атлетски митинг “Светски ден на атлетиката” кој беше наменет за неколку категории на атлетичари и тоа сениори/ки, млади младинци/ки и Детска атлетика во двете категории 7/8 години и 9/10 години.

На истиот натпревар членовите на АК “Охрид трчаТ” учествуваа со 42 атлетичари кои настапија во сите споменати категории. Претставниците на клубот забележаа значајни резултати и тоа во сите категории од кои би сакале да ви ги истакниме следните: 

1. Детска атлетика категорија 9/10 години – екипно прво место

2. Детска атлетика категорија 7/8 години – екипно 5 место

3. 100 метри сениори Владимир Пердулоски – трето место

4. Скок во далечина сениори Владимир Пердулоски – прво место

5. 100 метри млади младинки Јана Димоска – трето место

6. 800 метри млади мадинки Софија Балоска – второ место, додека на истата дисциплина Ангела Ѓоршеска го освои третото место

7. Скок во височина млади младинци Бојан Секулоски – трето место

8. Скок во височина млади младинки Софија Коруноска- второ место додека Матеа Матеска – трето место. 

Успешниот настап на младите атлетичари на АК “Охрид трчаТ” го надополнија и другите наши атлетичари кои постигнаа одлични резултати за нивната возраст и скоро сите си ги подобрија своите лични рекорди. 

Претстојниот викенд пред нас е уште еден атлетски натпревар, државно пионерско првенство, на кој очекуваме нашите атлетичарчиња да постигнат одлични резултати.


WebOhrid / 17.05.2022 / АК „Охрид трчаТ“