18/04/2024
Македонија

Акција за чистење и средување на Клинички Центар

Во соработка со јавните претпријатија на Град Скопје, Комунална Хигиена, Паркови и Зеленило и Улици и Патишта, денеска спроведовме голема акција за чистење и разубавување на Клиничкиот Центар.

Дополнително, во викенд-акцијата се приклучија со свои работници и општина Карпош и општина Гази Баба.

Целосно беа искосени тревниците, уредени зелените површини и поткастрени дрвјата од страна на Паркови и Зеленило.

Од страна на работниците во Комунална Хигиена Скопје, општина Карпош и општина Гази Баба, комплетно во целиот комплекс на Клинички Центар се исчистија улиците и се собра ѓубрето.

Улици и патишта асфалтираа цели кракови и ги пополнија најкритичните дупки на улиците.

Викенд-акциите ќе продолжат и во следниот период до целосно системско решавање на проблемот со хигиената во Клинички центар „Мајка Тереза“.