06/10/2024
Македонија

Акциска контрола за возачи што возат под дејство на алкохол во Скопје

Во периодот од 23 часот на 28.06.2019 до 05.00 часот на 29.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи што управуваат со возило под дејство на алкохол. Притоа, кај 61 возач утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека двајца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите тие 63 возачи се исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани. Откриени се и 118 останати прекршоци за кои се издадени 46 мандатни платни налози и 72 прекршочни платни налози.