19/04/2024
Струга

Активни пожари кај с.Локов и с.Татеши

Од ЈПШС „Јабланица“ Струга информираат дека во текот на вчерашниот ден нивни вработени интервенирале на шумски пожар над с.Локов каде што била зафатена шума и смрека. Пожарот не бил целосно локализиран.

Исто така, нивни вработени и мештани интервенирале на шумски пожар кај с.Татеши.

Двата пожари се сеуште активни со помал интензитет, а екипи на ЈПШС „Јабланица“ Струга се на терен и ја следат состојбата.