20/04/2024
Македонија

Активни пожари на територијата на Македонија (08.11.2018)

Во општина Кичево, пожарот во делот кај селата Бериково и Ќафа е локализиран, но е активен и се движи високо над с.Туин кај м.в.Ќелојца. До местото каде се пристапува интервенирано е од страна на екипи на ТППЕ Кичево, РЕК Осломеј, ШС „Лопушник“ – Кичево, ДЗС Кичево и полицајци од ПС Осломеј. Нема загрозување на лица од месното население и материјалните добра. На терен остануваат лицата од ШС Лопушник.

Пожар кој е префрлен од селата Русјаци и Ореоец (опш.Македонски Брод) кон селата Козичино и Патеец (опш.Кичево) е активен. Гори трева, нискостеблеста шума и бука високо над селата. Во гаснењето на пожарот интервенираат лица од ШС „Лопушник“ – Кичево. На ден 08.11.2018 година екипа на ШС Лопушник повторно ќе излезе на терен.

Во општина Струга, пожарот близу с.Луково каде што гори трева во карпест дел е активен, а интервенираат вработени од ШС „Јабланица“ – Струга.

Од ШС „Беласица“ – Струмица известуваат дека шумскиот пожар од 05.11.2018 година, над с.Габрово на врвот на планината Беласица, м.в.Аџи Бунар е локализиран. Опожарена е површина од околу 200 хектари претежно дабова шума, габер и букова шума. Во гаснењето учествувале вработени од ШС Беласица. Во текот на ноќта луѓето се повлечени а терен, а денес во утринските часови нивна екипа повторно ќе излезат на контрола.