11/12/2025
Дебрца

Активности за санирање на уличното осветлување во Дебрца

Во повеќе населени места во Дебрца започна решавањето на задоцнетиот проблем со уличното осветлување. Работите се одвиваат според план, а активностите на терен продолжуваат зависно од временските услови.

„Нашата цел е до крајот на оваа недела целосно да ги надминеме сите забележани проблеми со осветлувањето и да обезбедиме осветлени улици – безбедни за сите жители на општина Дебрца.“ – истакна градоначалникот на општина Дебрца, Златко Сиљаноски.