28/03/2024
Охрид

Акушерка продавала ампули за полесно породување во охридската болница

СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Ф. (54) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување“ и три кривични дела “несовесно лекување болни од страна на лекар“.

Во 2017 година, пријавената, гинеколог акушер за прием и породување на родилки, на родилките и членовите на нивни семејства им продавала ампули за полесно породување, при што им наплаќала износи во готово, без, при тоа да им издаде сметка за извршеното плаќање. На тој начин О.Ф. се стекнала со материјална корист од 19.300 денари.