20/04/2024
Струга

Албански државјанин лишен од слобода на ГП „Ќафасан“

На 30.12.2020 во 16.30 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, по извршена проверка било констатирано дека М.Ф.(36) од Република Албанија се наоѓа во оперативните евиденции со мерка „апси“, по барање на Интерпол Австрија. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.