25/04/2024
Охрид

Албански државјанин лишен од слобода на ГП „Свети Наум“

На 27.02.2020 во 19,25 часот на Граничниот премин „Св.Наум“ за влез во РСМ, при извршена контрола на Е.Ј.(31) од Р.Албанија кој бил со патничко моторно возило “опел зафира“ со албански национални ознаки, било констатирано дека евидирал во “Стоп листа“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.