Албански државјанин пронајден мртов во атарот на Лабуништа

На 01.03.2019. во 17:40 часот во Полициската станица за граничен надзор Лабуништа од страна на граѓанин од с.Лабуништа пријавено е дека има починато лице во место викано Краста во атарот на с.Лабуништа.

По овластување на јавен обвинител, извршен е увид и констатирано е дека се работи за С.Ф(28) од Клење, Република Албанија, кој работел како овчар, а кој, според првичните сознанија, паднал од карпест дел од висина од триесетина метри. Од страна на лекар констатирана е смрт, а јавен обвинител издал наредба за обдукција.