Ален Рустемовски го освои „Златниот гонг“
Викендов претседателот на МОК, Даниел Димевски присуствуваше на финалните борби на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје на кој победник беше нашиот најдобар боксер, Ален Рустемовски.

Рустeмовски ја прикажа најдобрата борба на турнирот и успеа да ја запали публиката во „Борис Трајковски“ и на нозе да го дочека крајот на мечот. Славеше со едногласна одлука против англискиот боксер Џозеф Тарнер. Со извонредна техничка подготвеност, борбен дух и атрактивен стил, особено разорни беа неговите аперкати.

Најдобар македонски боксер е Адријан Рустемовски, додека Даврон Бозоров е најдобар странски боксер, најдобар техничар е Џозеф Тарнер од Англија, Рио Гордон од Англија и Наум Стојаноски се најборбен пар. Михал Мунетан од Моладавија е најдобар тренер, Роберт Винеман најдобар судија.
Димевски доби благодарница од претседателот на Боксерската федерација, Кристијан Андреевски, за залагање и афирмација на боксот.

