Алкохолизирано лице извадило нож во ноќен клуб во Охрид

Синоќа по полноќ, поточно во 00:50 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во ноќен клуб на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, лицето Ф.А. (25) од Охрид влегол и извадил нож, по што почнал да вика. Тогаш В.Х.(43), одговорно лице во клубот, го оттргнал надвор пред објектот и се обидел да му го одземе ножот при што, бил повреден во показалецот од левата рака.

На В.Х. му е укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид, додека Ф.А. е приведен во полициска станица и при извршено алкотестирање, кај него е констатирана голема количина алхохол во крвта.