28/03/2024
Охрид

„Аналфабет“ на Светскиот ден на Театарот во Народен Театар Охрид

По повод 27 март – Светски ден на Театарот, охриѓани на 27ми март (вторник) ќе имаат можност да ја изгледаат комедијата „Аналфабет“, на Бранислав Нушиќ , со актерите Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Адринана Билаловиќ Тодороска. Претставата е во режија на Ѓорѓи Ризески, а ќе биде со почеток во 20:00 часот.

Картите се по цена од 150 денари и можат да се купат на билетарницата на театарот, која работи секој ден (освен во недела) од 10:00 – 20:00 часот.

Меѓународниот ден на театарот се прославува од 1962 година, а е воспоставен од Меѓународниот театарски институт, со цел да се афирмира вредноста и важноста на театарската уметност, и да се апелира до владите, политиката и институциите да ја препознаат вредноста која театарот ја носи за луѓето, индивидуите и развојот на заедниците. Многу театарски институции низ целиот свет, на овој ден синхронизирано испраќаат универзална порака, напишана од реномирани светски имиња во театарската уметност.