Анеска: Потребно е економско јакнење на руралната жена
По повод Денот на руралната жена, ОО СДСМ Дебрца денес одржа прес-конференција на која се обрати кандидатката за советничка Елена Анеска.
„Денес, 15ти октомври, е последниот ден од изборната кампања за локалните избори, а воедно и светски ден на руралната жена.
Би сакале да ја искористиме оваа прилика и да го честитаме овој ден на сите рурални жени од Дебрца кои секојдневно успеваат во своите зацртани цели и во своето работење. Да се постигне успех на ова поле, не е за занемарување, и ги поздравуваме сите иницијативи на жените од руралните средини кои се занимаваат со земјоделство, фармерство, овоштарство, пчеларство, хортикултура.
Потребно е економско јакнење на руралната жена, преку нејзино поголемо инволвирање во креирањето земјоделски политики, едукација, еднаков пристап со мажите до финансиски ресурси од фондови.
Локалната самоуправа која ќе биде предводена од новиот градоначалник од редовите на СДСМ, како и Советот на општина Дебрца, ќе биде вистински партнер во напредокот на руралната жена.
Како советнички кои добро ја познаваат проблематиката на Дебрца и жените кои живеат во неа, целосно ќе се залагаме за унапредување на условите преку интензивирање на комуникацијата со жените земјоделки и обезбедување финансиска помош.
Затоа да го направиме вистинскиот избор, и да гласаме за Градоначалник и за Совет кој ќе биде родово сензитивен и ќе се погрижи за социјален развој, економска самојстојност, поддршка за женско лидерство, отворање перспективи за руралната жена,и преку тоа ќе придонесе за развој на заедницата и максимално искористување на потенцијалот што го има Дебрца.
Ве повикувам сите, без разлика на полот, возраста, верата, партиската определеност да го избереме најдоброто за Дебрца, и да гласаме за бројот 12.
Во Дебрца, одиме на победа!“ – истакна Анеска.