25/04/2024
Охрид

Ангелоска: Продолжуваме да работиме на подобрување на условите во градинките и училиштата

СДСМ и коалицијата „Најдоброто за Охрид“ денес одржа прес-конференција на која се обрати кандидатката за советник, Живка Ангелоска.

„Неделава што изминува, е недела посветена на децата, нашето најголемо богатство. Како локална власт покажавме вистинска грижа и посветеност за подобрување на условите за децата и младите бидејќи тоа е вложување во нашата иднина.

Покрај континиураните инвестиции во училиштата беа реализирани и низа реконструктивни зафати во објектите на детските градинки. Извршена е промена на покривот на објектите „Развигорче“, „Росица“ и „Билјана“. Во Централниот објект беше изведена реконструкција на водоводната мрежа и електричната инсталација за приклучување на новата опрема во централната кујна. Изградени се нови детски игралишта на патеката кон „Горица“, во ОУ „Григор Прличев“, во населба „Радојца Новичиќ“, во населба „Воска“ и беше извршена реконструкција на дел од постоечките игралишта.

Во текот на наредниот мандат, продолжуваме да работиме на подобрување на условите во градинките и училиштата, бидејќи воспитувањето и образованието на децата се најважните работи во едно општество. 

Преземаме конкретни мерки за намалување на листите на чекање за упис во градинка. Подготвуваме анализа на потребите и ги прошируваме капацитетите на сите објекти на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Изготвуваме проекти за реконструкција на сите објекти на градинката и проект за изградба на нов објект за сместување на деца, по сите современи стандарди.

Планираме набавка на нова опрема и нагледни средства, со цел нашите дечиња да имаат пријатен престој и соодветно згрижување. Подготвуваме програма за подобрување на условите за исхрана во градинките и училиштата. 

Во насока на подобрување на условите за забава и рекреација за најмладите, предвидуваме изградба на нови детски игралишта во секоја населба и село во општината.

Граѓаните знаат да ги препознаат вистинските вредности и само заедно можеме да го направиме Охрид подобро и посакувано место за живеење! На 17ти октомври да излеземе и да гласаме за нашиот кандидат за градоначалник Константин Георгиески и за советничката лисата на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Да го заокружиме бројот 12 за уште една голема победа во Охрид.“ – истакна Ангелоска.