29/03/2024
Спорт

Ангеловски и Пандев: Против Грузија одиме на победа

Македонската репрезентација утре го игра четвртиот натпревар од Лига на Нации кога во Скопје играме со Грузија, а денеска селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев одржаа прес-конференција. 

„Без разлика што не го остваривме планираното во Естонија, но не да заборавиме дека нашата главна цел ја стигнавме, Македонија е на чекор на ЕП. Утре имаме натпревар со противник со кој ќе се сретнеме во финалето, без разлика на сите отсуства, сите кои ќе истрчаат на теренот, должни се да го дадат максимумот. Прв пат играме во седум дена три натпревари, првиот натпревар беше многу важен од секако аспект. Ако селекции од Италија, Шпанија ротираат, што останува за селекции како што сме ние. Селекторот на Грузија исто има проблеми со повреди и отсуства, но на нас селекторите е да го искористиме тоа што го имаме. Не верувам дека и тие не сакаат да бидат на првото место во групата. Не очекувам противникот да калкулира со составот“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

“Сигурно дека тие што сме тука ќе го дадеме максимумот. Ова е трет натпревар за нас знаеме Косово колку не истроши и психички и физички. Сепак спремни сме утре да излеземе и да го добиеме натпреварот. Ние што сме тука сите конкурираме за првите 11. Ова е еден пеколен ритам и не може секогаш да се победи, таков е фудбалот. Наша цел е утре да победиме и да дојдеме на чекор од таа прва позиција“, изјави капитенот Горан Пандев.

Атмосферата во екипата е добра, иако не го остваривме планираното во Естонија. Сепак, да не заборавиме дека нашата главна цел ја постигнавме, а тоа е дека Македонија е на чекор до Европско првенство. Утре имаме натпревар со противник со кој ќе се сретнеме во финалето и без разлика на сите отсуства, сите кои ќе истрчаат на теренот, должни се да го дадат максимумот. Прв пат играме во седум дена три натпревари, првиот натпревар беше многу важен од секаков аспект. Селекторот на Грузија исто има проблеми со повреди и отсуства, но на нас селекторите е да го искористиме тоа што го имаме. Не очекувам противникот да калкулира со составот, напротив“, изјави Ангеловски.

Секако дека ќе им дадам поддршка на сите играчи кои ќе настапати ја имаат мојата поддршка. Имаме многу нови играчи, секако им треба мотив и јас стојам зад нив. Ќе го дадеме максимумот. Сите што сме тука конкурираме за првите единаесет. Ритамот е пеколен, три меча и тешко е. Не може секој меч да се добие, но уверен сум дека утре ќе дадеме се од себе да оствариме нова победа без разлика кој ќе истрча на теренот“, рече Пандев.

Дуелот ќе се одигра на арената „Тодор Проески“, утре со почеток од 20:45 часот.