28/03/2024
Спорт

Ангеловски и Ристовски: Подготвени сме да го покажеме нашиот квалитет

Македонскиот национален состав денеска го има официјалниот тренинг пред утрешниот меч против репрезентацијата на Украина во рамките од второто коло од групната фаза од Европскиот шампионат.

Селекторот Ангеловски истакна дека тимот е подготвен за она што следува за најважниот меч кој веројатно оваа генерација ќе го игра.

„Најважната лекција е дека повторно веруваме дека имаме квалитет, затоа што до 80. минута имавме активен резултат против Австрија. Не се браневме, не игравме бункер дури имавме и ситуации да поведеме. Сепак, тоа не успеавме да го направиме, примивме гол по пад на концентрација. Сепак, следува меч со Украина, мислам дека имаме ситуација во која можеме да се поправиме на резулттски план“.

„Дојдовме на ЕУРО со цел да се пласираме во втората фаза и таа фаза за нас е активна. Имаме пред нас ривал кој исто така има нула бодови, што значи дека ова за нас е финале. И да не успееме нема да биде трагедија, а нормално дека ќе дадеме се од себе. Украинците се квалитетни, тоа го покажаа и против Холандија. Имаат одлични индивидуалци, но и ние имаме квалитет и покажавме дека можеме да се носиме со сите“.

Стефан Ристовски смета дека тимот е подготвен и физички и психички, не смее да се дозволи пад на атмосферата и некакво алиби за слаб настап.

„Професионалци сме и не смееме да дозволиме пад на атмосфера. Ова е големо натпреварување, ние не смееме да дозволиме ништо да не деконцентрира. Следуваат уште два меча, ќе го дадеме максимумот. Ние овде не дојдовме како туристи, имаме огромен квалитет. Со три блока, со бранење на нашиот гол, и брзи контри да го изненадиме противникот. Кога играте со вакви селекции мора да си подготвен за се. Со Австрија се подготвувавме за едно, а тие излегоа со пет дефанзивци. Секој се обидува да те изненади“.