29/03/2024
Македонија

Анкета: Перцепцијата за говорот на омраза во јавната сфера

Дневно полтичките настани ја диктираат динамиката на комуникација во јавната сфера, но и придонесуваат кон острината на обраќањата во интернет просторот помеѓу различните групи граѓани.

Институтот за развој на електронски комуникации, во рамки на својата работа ја следи оваа појава која зачестува и која и понатаму останува во сивата зона на донесените Закони за санкционирање на ваквиот тип на интернет изразување, како и обесхрабрување на ваквите појави.

Истражувањето јавното мислење има за цел да предупреди на зголемување на присутноста на говорот на омраза во текот на изминатите месеци, како и да отвори јавна дискусија за опасноста ваквите тенденции да станат пракса на општење во иднина.

Дневно-политичките актуелности и нивната динамика диктирана од развојот на процесите кои се дел од преговарачките напори за надминување на спорот со Бугарија, околу ветото за почеток на преговорите и т.н. „Француски Предлог“ повторно ги разгореа социјалните мрежи и говорот на омраза. Ваквите појави особено наидуваат на ветер во грб од страна на корисниците на интернетот во време кога тензиите помеѓу двете држави го достигнуваат своето крешендо.

Дисонантните тонови во јавниот израз на македонските и бугарски политичари и јавни чинители дополнително ја подгреваат атмосферата на нетрпеливост помеѓу двата народи, што е лесно забележливо во обраќањата и коментарите на интернет. Но, не само помеѓу Македонците и Бугарите, во последниот период во оваа сфера се појавува и сè посилно изразен говор на омраза и поделби на внатрешен план помеѓу двете најголеми етнички групи.

Институтот во рамки на својот делокруг на работа спроведе истражување на јавното мислење преку анкета со репрезентативен сегментиран примерок од 700 испитаници во периодот 30.06 од 06.07.2022 година со маргинална грешка +/- 3.5% и ниво на доверба од 90%.

ЦЕЛОСНИ РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА


WebOhrid / 11.07.2022 / ИНРЕКОМ