18/04/2024
Охрид

Апел: Не ги фрлајте заштитните маски и ракавици по јавните површини

Деновиве екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ кои се задолжени за одржување на јавната и услужна хигиена се соочуваат со проблем кој претставува опасност по нивното здравје и по сите случајни минувачи.

Голем број несовесни граѓани искористените заштитни маски и ракавици ги фрлаат по јавните површини, покрај контејнери, тротоари, коловози и зелени површини. Затоа упатуваме АПЕЛ-Заштитните маски и ракавици уредно спакувани и затворени да се депонираат исклучиво во садовите за депонирање отпад!

Да бидеме совесни и одговорни и да го заштитиме јавното здравје!