29/03/2024
Македонија

Април и културата во Скопје: Светски ден на книгата, поезија, концерти, изложби и два фестивали

Одбележување на Светскиот ден на книгата, поетски читања, концерти, изложби  и два фестивала се дел од настаните кои ќе бидат реализирани во институциите од областа на културата во месец aприл…

Македонската филхармонија на 5 aприл го реализирашe концертот „Шпанија во срцето“ под диригентската палка на  Рикардо Касеро,  на кој како солист на виолина настапи Ѓорѓи Димчевски.

За 12 април е закажан електро-акустичниот концерт на Џијан Емин. Концертот насловен „Атрактивната лисица“ е закажан за 19 април. На концертот под водство на диригентот Габриел Бебешелеа од Романија , како солист на пијано ќе настапи Валентина Лисица (Украина/САД). На 26 април пак, Ана и Олег  Кондратенко на виолина ќе настапат како солисти на концертот насловен „Годишни времиња“.

ana_i_oleg

Македонската опера и балет овој месец по повод 160 години од раѓањето на  големиот композитор Џакомо Пучини, на 3 април ја изведе операта „Мадам Батерфлај”. Во главните улоги се Сандра Митровска, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Марика Поповиќ, Дејан Стоев, Невен Сиљановски, Игор Гиновски, Злата Тошевска, Зоран Даскаловски како и хорот и оркестарот при МОБ.

Во петок 13 април ќе се одржо целовечерен Рецитал на нашиот познат тенор Благој Нацоски  во пијано придружба на Јанинка Невчева, насловен „SOLE E AMORE” 20 соло песни со весел карактер. Премиерата на балетски спектакл „Либертанго” е закажана за 18 април, во 20 часот, а додека репризата е во петок на 20 април.

На 18 април во Музејот на современа уметност, во 20 часот ќе биде творена интернационалната изложба насловена „All that we have in common (Сé што ни е заедничко)“. Љубителите на уметноста во рамките на изложбата ќе можат да видат дела на едни од најистакнатите и најуспешни уметници на денешницата: Ахмет Огут (Турција), Марија Пападимитриу (Грција), Анри Сала (Албанија / Франција), Рената Пољак (Хрватска), Маја Бајевиќ (Босна), Ана Адамовиќ (Србија), Шејла Камериќ (Босна), Флака Халити (Косово), Јане Чаловски (Македонија), Христина Иваноска (Македонија), Славица Јанешлиева (Македонија) и други. Основната идеја на изложбата е создавање платформа за мрежно поврзување меѓу земјите во регионот и пошироко, со цел преку соработка на уметниците, галериите и институциите да се промовира  транс-граничната културна соработка.

Претходно во текот на првата седмица од месец април, едукативното оделение на Музејот во соработка со ЈДГОА „Срничка“ ја реализира изложбата „Волшебната четкичка“.

29542467_990835334414659_5385768892157635564_n

Во кино салата на Музејот на Македонија на 3 април се одржа филмска проекција и дискусија во организација на Дебатно кино Контра кадар Скопје, а наредниот ден пак трибината на тема „Цензура во уметноста и науката“. Како резултат на соработката помеѓу Воениот музеј и Музејот на Македонија,  истиот ден во просторот за времени изложби се отвори изложбата „Република Македонија на патот кон НАТО“.

На 5 април се реализираше работилница за изработка на плакат на тема – Миграции, предводена од проф. Јана Јакимовска. Промоцијата на публикација „Не е шега: дискриминација и цензура“ е закажана за 10 април во 20 часот во кино сала на Музеј на Македонија, а пак на истото место во 21 часот Концерт ќе одржат студентите од Џез одделот на Музичка академија при УГД Штип под раководство на проф. Антонијо Китановски.

Како резултат на соработка помеѓу Здружението „Романо Ило“ и Музејот на Македонија од 11 до 18 април во просторот за времени изложби – Етнологија ќе биде поставена изложбата на фотографии  на Елси Иванчиќ Дунин „50 години истражување 1967-2017, Ѓурѓовден / Ерделези кај Ромите“.

Оваа недела Во Националната галерија на Македонија објект Даут пашин амам се затвора изложбата на дела од уметникот Борко Лазески, која во изминатите две месеци предизвика огромен интерес кај посетителите.По тој повод нa 3 април, со почеток во 19 часот, ќе се одржи предавање со прошетка низ изложбата на Борко Лазески, со историчарот на уметност проф. Д-р Кирил Пенушлиски. На истото, публиката ќе може директно да се запознае поблиску со делото и творештвото на големиот Борко Лазески, и во интеракција со д-р Пенушлиски и да дознае нешто повеќе за самиот автор.

borko

Ансамблот Танец во својата програма на 5-ти  Април  на сцената на  Македонскиот народен театар ке го одржи традиционалниот Велигденски концерт, а пак на 11 април  овој светски амбасадор на македонскиот фолклор, кој веќе шест децении претставува уникатен симбол на македонската култура и уметност ќе биде специјален гостин на танцовиот спектакл „Лорд оф д денс“. „Танец“ на 16 и на 17 април ќе реализира концерти во  Битола и во Охрид, а на 25 април заедно со Ансамблот Пирин од Благоевград Р. Бугарија ќе одржи хуманитарен концерт во Скопје.

Со танцовата претстава „Орландина“, на 4-ти април, во Македонскиот народен театар во Скопје, свечено се отвори Танц Фест 2018, а пак од 12 до 16 април 2018 год. на сцените на Дом на АРМ, ЈУ Конгресен Центар „Александар Македонски“ (Универзална сала), МНТ, МОБ, ДТЦ Чаршија и плато пред Универзална сала под мотото „НАЈДИ НАЧИН, секогаш има излез“ќе биде отворено 11-то издание на ИТФ “Лица без маски” 2018.  Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Јами дистрикт” во режија на Кокан Младеновиќ, а во продукција на БИТЕФ Театар од Србија.

Во НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје на 23 април со пригодна програма ќе се одржи централната прослава со која ќе  биде одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право.

Програма е организирана во соработка со студентите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје, ликовниот уметник Петре Николовски и истата ќе содржи музичко-балетски точки, уметничка инсталација, но пред се, традиционалното читање на светската и македонската порака за овој ден, делење книги и рози според Каталонскиот обичај итн.

На 30 април   пак ќе се одржи промоција на мултимедијален цетар, чија цел е промоција на дигитализираното културно наследство што се чува во трезорите на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, преку овозможување пристап до Интернет и отворен пријатен простор за работа во тимови со користење ИТ опрема.

 NUB