23/04/2024
Спорт

Арбреша Реџепи во изолација, нема да присуствува на отварањето на Олимписките игри

Арбреша Реџепи (Џудо) заради близок контакт со заразен (позитивен случај) на КОВИД-19, за време на летот Франкфурт – Токио, се наоѓа во делумна изолација и таа нема да може да присуствува на церемонијата на отварање на Олимписките игри.

Со самото тоа Арбреша Реџепи, заради правилата на ИОК, нема да може да го носи македонското знаме на церемонијата на отварањето на игрите. 

Сепак, таа со посебен транспорт обезбеден од страна на МОК оди на тренинг и секако ќе има право да настапи на Олимпискиот џудо турнир на Олимписките игри ТОКИО 2020.

Инаку Арбреша Реџепи во првото коло на Олимпискиот џудо турнир ќе се бори против Жил Челзи, од Велика Британија.