25/04/2024
Македонија

Архитектонска изложба за Скопје и предавање на Десков во Њујорк

Во МЦ галеријата во Њујорк, од вчера е поставена изложбата „Изградба на модернистичка утопија: Архитектура на обновувањето по земјотресот воСкопје, 1963-1981″, која е проследена со предавање на архитект Владимир Десков, професор на Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитет Американ колеџ-Скопје…

Неговиот интерес за истражување се фокусира на градот Скопје и неговата архитектура, како и влијанието на економските, политичките и општествените трансформации на општеството врз начинот на кој се менува градот и нивното влијание врз архитектурата.

Во најавата за настанот се вели дека иложбата има акцент на архитектурата на постземјотресно Скопје, солидарноста од целиот свет, развојот на модерната, но интересот на Десков се проширува и на трансформацијата на градот Скопје како резултат на неодамнешните квази-историски популистички интервенции на проектот “Скопје 2014”.

Во 2014 година, Десков беше еден од авторите што ја претставува Македонија на Венециското биенале за архитектура со проектот “Findings”.

Од 2015 година е член на кураторскиот советодавен одбор на Музејот на модерната уметност претстојната изложба – “Кон конкретна утопија: Архитектура во Југославија, 1948-1980”, првата голема изложба во САД која ќе ја испита модернистичката архитектура на регионот .

Во 2017, Десков беше еден од кураторите на изложбата “Скопје – Архитектура во македонски контекст”.