03/12/2024
ДебрцаОхридСтруга

Атрактивни содржини и учесници на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“

Во традиционалниот термин, од 26 до 28 август, во Охрид, Струга, Вевчани, Белчишта и селото Црвена Вода, ќе се одржи Балканскиот поетски камп за млади Ванчо Николески.

Организатор е Здружението за култура и литература Мацково од Охрид.

Манифестацијата, годинава, ќе биде четврта по ред. Традиционално, се отвора во зградата на општина Охрид, со прием, од страна на градоначалникот Кирил Пецаков. За учесниците, прием приредува и градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Учесниците, традиционално, имаат прием од страна на менаџментот на светскиот поетски фестивал – Струшките вечери на поезијата”, како и посета и прием во населбата Вевчани, со разглед на Вевчанските извори, Куќата на Михајло Пупин и други атрактивности.

И годинава, учесниците ќе бидат во прилика да се сретнат и разговараат со видни македонски летарарни дејци. Мегу другите, со професор д-р Христо Петрески, претседател на ДПМ, потоа Јордан Плевнеш, поетот Димче Шипинкароски и други.

Годинава е особенo атрактивен составот на учесниците, кои доагаат од Украина, Бугарија, Србија, Грција, Албанија, како и Македонија – овој пат, претставник од помалите етнички заедници, преку Детската амбасада Мегаши.

Мегу чесниците е и Ана Бергана (Анна Багряна), украинска писателка, поет, драматург и преведувач, поранешен секретар на Националниот сојуз на писателите на Украина за работа со млади автори и главен уредник на списанието „Гранословие“. Преведува од словенски јазици. Составител и преведувач е на „Антологија на современна поезија на Македонија“ на украински јазик.

Од Бугарија доага младата надарена поетеса, “чудото од дете во литературата, Оксана Христова.

Учесник од Србија, за жал виртуелно поради семејни причини, е Милутин Ѓуричковиќ, писател и научник, претседател на Институтот за детска книжевност од Белград. Од најрана младост објавувал песни за деца на француски, македонски, албански и турски јазик. Член е на Светската академија за култура и наука, со 2000 членови, односно еминентни наупчници и творци од целиот свет, од кои 34 се нобеловци.

Носител е на наградата за роман на годината, „Раде Обреновиќ“,како и „Доситеево перо“, награда на критиката за деца, потоа признанието – најдобра книга за деца во Црна Гора.

Младата поетеса, Сара Џелили, од Елбасан, Албанија по втор пат учествува на Кампот.

Годинава, за прв пат, свој претставник испраќа Детска амбасада Меѓаши од Скопје, од помалубројните етнички заедници во Македонија, од областа Река.

Од Грција, со виртуелен настап, учествува Теодора Тантсополу (Theodora Tantsopouou).

Манифестацијата, втора година, се одржува без поддршка на Министерството за култура.


WebOhrid / 17.08.2022 / Веле Митаноски