28/03/2024
Спорт

АВ Охрид го доби натпреварот против Босна Ројал со службени 20-0

Денес во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, во 9 коло од АБА 2 лигата АВ Охрид требаше да игра против тимот на Босна Ројал.

Но, поради проблеми во клубот, тимот на Босна Ројал одлучи да не доаѓа во Охрид. Поради тоа, тимот на Босна Ројал „заработи“ парична казна од 5 илјади евра, а АВ Охрид доби службена победа од 20-0.

Доколку тимот на Босна Ројал го повтори истото, тимот ќе биде казнет со 10 илјади евра и автоматски ќе биде суспендиран од ова натпреварување, а ќе го загуби правото да учествува во АБА лигата 2 и во сезоната 2018/19.

WebOhrid