28/03/2024
Спорт

АВ Охрид подобар од Пелистер дури по продолжението

АВ Охрид оствари нова победа во Македонската прва лига. Вечерва во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, АВ Охрид триумфираше над Пелистер.

Во мошне изедначен и неизвесен натпревар, потребно беше дури продолжение за да се добие победникот на овој натпревар. По изедначеното прво полувреме 39-39, регуларниот дел од натпреварот заврши со резултат 73-73. Продолжението АВ Охрид го доби со 14-4 и победи со вкупен резултат од 87-77.

„Галебите“ остануваат на 6-то место од табелата со 24 бодови.

WebOhrid