20/04/2024
Спорт

АВ Охрид претрпе пораз од Теодо во АБА 2 лигата

АВ Охрид го одигра седмиот натпревар во АБА 2 лигата, при што го забележа и седмиот пораз. Во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, АВ Охрид го пречека тимот на Теодо Тиват. Гостите успеаа да го добијат овој натпревар со резултат 82-101 (15-33 25-28 20-19 22-21).

Следното коло од АБА 2 лигата ќе се игра на 6 декември, кога АВ Охрид гостува во Сплит.

WebOhrid