25/04/2024
Спорт

АВ Охрид триумфираше против Фени Индустри

Во борбата за шестото место на табелата од Првата македонска кошаркарска лига, вечерва тимот на АВ Охрид беше поуспешен од тимот на Фени Индустри.

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, АВ Охрид ја имаше контролата врз играта во текот на целиот натпревар и го совлада Фени со 79-63 (28-25; 14-18; 24-9; 13-11).

По 14 одиграни рунди, АВ Охрид се наоѓа на 6-то место од Првата лига.

WebOhrid