29/03/2024
Струга

Автомобил удри во велосипедист на патот Дебар – Струга

На 08.07.2022 во 18.45 часот во Струга, на регионалниот пат Р1201 Дебар-Струга, во с.Велешта, струшко, патничко возило „рено клио“, со охридски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(26) од с.Лабуништа, струшко, удрило во велосипед управуван од Н.Ќ.(81) од с.Велешта.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Болницата „Св.Еразмо“ – Охрид. Известен е Јавен обвинител, а увид извршила екипа од Полициска станица Струга.