25/04/2024
Охрид

Бадникова поворка низ улиците во Охрид

Во пресрет на Христовото раѓање- Божиќ, денес, под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски, а во организација на Одборот за бадникови поворки од Охрид, по 5- ти пат се одржа традиционалната Бадникова поворка.

Поворката со околу 400 деца тргна од црквата Св. Ѓорѓи, преку улиците „Јане Сандански“ и „ Кеј Македонија“,  пристигна на плоштадот „Св.Климент Охридски“ каде градоначалникот Јован Стојаноски, на децата коледарчиња им подели Божиќни подароци.

„Убаво е да се негува традицијата. Овие златни деца нека бидат благословени, нека бидат благословени сите жители на Охрид и гостите. Ние како град ќе продолжиме да ја негуваме оваа убава традиција, бидејќи таа е во нашите корени, а почитта кон традицијата се надеваме дека ќе ни донесе и поголем бериќет за нашиот град“ – истакна градоначалникот Стојаноски.

Манифестацијата заврши со ручек во црквата Успение на Света Богородица – Каменско.

WebOhrid