20/04/2024
Дебрца

Бадникова поворка за прв пат во Дебрца

Оваа година, за првпат триесетина дечиња од општина Дебрца се приклучија кон радосната објава на Рождеството Христово, преку организирање на Бадникова поворка.

„Бадниковата поворка, која тргна од храмот Свети Апостоли Петар и Павле, во село Мешеишта ја примив во општинската канцеларија во село Мешеишта и притоа во името на општина Дебрца, дарувајќи ги со пригодни пакетчиња на младите бадникарчиња им ги честитав претстојните Божиќни празници.“- вели градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Потоа, дечињата од Дебрца се приклучија на величествената Бадниковата поворка, во Охрид, полна со коледарчиња кои со свеќи во раце, кандила и ѕвезди го наговестија Христовото раѓање.

Во свечената Бадникова поворка низ охридските улици ечеше старата коледарска песна “Вечниот бог”, со која се објавува радосната вест за раѓањето на Богомладенецот Исус Христос.

На градскиот плоштад, пред Бадниковата пештера, дечињата добија божиќни подароци.