Бадникова радост и пакетчиња за најмладите во храмот „Св.Петар и Павле“ Мешеишта
Во храмот „Св. Петар и Павле“ во селото Мешеишта денес беше одбележан празникот Бадник, кој го најавува Христовото раѓање. Настанот беше проследен со радост и детска смеа, а најмладите верници добија пакетчиња како симбол на љубов, грижа и внимание.
Со традиционалната Бадникова поворка верниците се потсетија на духовните вредности, заедништвото и обичаите што го обединуваат народот.
Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, упати честитка до сите граѓани со желба празничната радост да се всели во секој дом и да донесе мир, здравје и благослов.
