29/03/2024
Охрид

„Бакни ме низ солзи“ – нова авторска песна на Александар Петрески од Охрид

Александар Петрески за прв пат во неговата музичка кариера се претставува со авторска песна на македонски јазик. Песната ја напишал есента 2007 година на 20 годишна возраст.

„И музиката и текстот ги оставив непроменети. По 14 години конечно ја виде светлината на денот. Снимена е пред кратко, а видеото е снимено летово во Охрид на најубавото езеро на свет, што и всушност ми беше најголемото уживање во целиот процес. Вам ви преостанува само да уживате во музиката и топлината на летото.“ – вели Петрески.

Музиката, текстот, аранжманот, миксот, мастеринг и видео обработката се негова продукција.

https://youtu.be/m3lqSUlePUk