06/11/2024
Охрид

Бакраческа: Граѓаните да излезат и да нѐ поддржат на 15 јули, нивната поддршка ни е најпотребна

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во 5-тата изборна единица, д-р Грација Бакраческа денес го имаше завршното обраќање до јавноста. Таа ги повика граѓаните да излезат да гласаат на 15 јули и да ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ.

„На граѓаните би им порачала да излезат и да нѐ поддржат на 15 јули бидејќи нивната поддршка ни е најпотребна во овие мигови, а притоа да ги почитуваат здравствените мерки затоа што за мене, како здравствен работник, најважно е здравјето на граѓаните.

Ние Македонците со ѕвезда на челото, срце како планина кое знае да си ги сака корените. За оваа родна грутка македонска треба сите заедно сплотени да се бориме да си ја сочуваме.

Поддршка за бр. 14 за листата на ВМРОДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија!“ – истакна Бакраческа.