29/03/2024
Охрид

Бакраческа: Обезбедување услови за вработување на повеќе од 50.000 млади и активно учество во донесувањето одлуки

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во 5-тата изборна единица, д-р Грација Бакраческа, денес одржа прес-конференција на која истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нуди визија за создавање на општествени услови младите да ја градат својата иднина во Охрид и Македонија.

„Младите се иднината на Македонија врз која треба да се потпреме. Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нуди визија за создавање на општествени услови младите да ја градат својата иднина во Охрид и Македонија.

Со проектот Обнова се обврзуваме на обезбедување на услови за вработување на повеќе од 50.000 млади за период од 4 години и младите активно да учествуваат во донесувањето одлуки, истакна Грација Бакраческа, кандидат за пратеник од Охрид.

Понатака таа додаде:

Нашата цел се стимулативни мерки за вработување на младите и затоа во текот на четиригодишниот мандат обезбедуваме финансиска поддршка за вработување млади лица реализирана преку:

Ослободување од данок на личен доход за млади до 29 години кои остваруваат годишни приходи до 6.000 евра;

Шанса плус – компаниите кои ќе вработат ученици кои по завршувањето на средно стручно образование нема да продолжат со студиите, ќе добијат олеснувања и ослободувања за одреден период;

Месечна финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат млади до 29 години кои се невработени подолго од 24 месеци, а се од семејства во социјален ризик; и Загарантирана работа на 500-те најдобри студенти од државните универзитети.

Се обврзуваме на проектот 4 милиона евра за претприемачка иницијатива на млади за отворање на сопствен бизнис.

Млади земјоделци ќе имаат можност да аплицираат за финансиска поддршка до 20.000 евра врз основа на приложен бизнис план.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на донесување Закон за младинска работа.

Младите мора да имаат активно учество во процесите кои ги засегаат. Затоа предлагаме проекти за зајакнување на претставувањето на младите на локално и централно ниво и тоа формирање на младински и ресурсни центри, како и поддршка за функционирање на локалните младински совети и национално собрание на млади.

Подобрувањето на професионалните вештини на младите ќе се одвива преку организирање обуки за дигитални вештини, кариерно советување и уште многу различни обуки за личниот развој.

Агенцијата за млади и спорт ќе овозможи функционирање на електронска платформа за млади, која ќе ги содржи сите информации во врска со кариерен и образовен развој на младите.

14 за активни млади кои учествуваат во донесувањето одлуки.

14 за силна и масовна поддршка на младите!

14 затоа што младите се нашата иднина!

На 15 јули енергијата на младите ќе ја донесе Обновата на Македонија!“ – истакна Бакраческа.