17/04/2024
Охрид

Бакрачески учествува на Конгресот за интервентна кардиологија во Вашингтон

Д-р Никола Бакрачески од Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, присуствува на еден од најголемите конгреси за интервентна кардиологија кој се одржува во Вашингтон и каде одржа две предавања.

Во периодот од 02-05 Март во хотелот Omni Shoreham во Вашингтон, се одржува еден од најголемите конгреси за интервентна кардиологија во САД- Cardiovascular Research Technologis CRT 2019. На конгресот се презентираат најновите достигнувања од оваа област, се презентираат резултатите од најновите клинички студии ширум светот, се изложуваат нови технолошки придобивки и пронајдоци во областа на материјалите и техничките помагала кои се користат во интервентна кардиологија, преку изведување на интервенции со пренос на слика во живо од катетеризациони лаборатории во САД и Европа, а секако се презентираат и најновите измени во водичите на американската и европската асоцијација за кардиологија.

На овој настан учествуваат наголемите имиња од оваа област од целиот свет, а свое учество со две орални презентации имаше и нашиот познат кардиолог д-р Никола Бакрачески на теми од областа на третман на комплексни коронарни лезии како и во областа на нови пристапи и техники во решавање на хронични тотални оклузии на срцевите артерии, кои пробудија особен интерес кај аудиториумот.

Д-р Никола Бакрачески е континуирано присутен со свои презентации и лекции на големите збиднувања ширум светот од областа на интервентната и клиничката кардиологија, со што успешно ја промовира македонската кардиологија и институцијата која ја претставува.

Овие настани се одлична можност за размена на знаења и искуства меѓу кардиолозите од различни страни на светот и од различни центри, како и можност за примена на нови технологии и техники во решавање на најкомплексните проблеми од областа на интервентната кардиологија.

Секоја година пред учесниците на конгресот се обраќа видни имиња од областа на светската политика. Оваа година свое обраќње пред учесниците имаше поранешниот британски премиер Тони Блер, кој важи за еден од најдобрите говорници на денешницата.

Како и секoја година, CRT 2019 се одржува во престижниот хотел Omni Shoreham, кој е далеку познат на американската администрација по одржување на балови во организација на американските претседатели, почнувајќи од далечната 1933 година кога за прв пат е организиран во чест на тогашниот претседател Теодор Рузвелт па до денешен ден.