Балкански фестивал за народни песни и игри 2025
Балкански фестивал на народни песни и игри во организација на Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид, од 3-ти до 7-ми јули 2025 година ќе го одбележи 64-то реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.
Покровител на фестивалот е Собранието на Република Северна Македонија.
Организирањето на фестивалот е овозможено со материјална помош на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, Општина Охрид и пријателите на фестивалот.
Фестивалот на ден 4-ти јули 2025 (петок) во 20:30 часот свечено се отвора со програма на ансамблот за народни игри и песни на Македонија “ТАНЕЦ”.