29/03/2024
Охрид

Балкански караван за промоција на турската култура

Во име на зачувување на добри пријателските односи и соживот на Балканот кои се проткаени со силни историски врски преку традиционални културно-уметнички активности, а со цел да се овозможи промоција на турската култура од страна на општина Кучукчекмеџе во соработка со институтот  Јунус Емре и општина Охрид, во понеделник на 30.07.2018 година, на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ од 17 до 19 часот, се организира проект насловен како „Балкански караван“.

Во склоп на проектот „Балкански караван“, ќе се прикажат народни ора од различни предели на земјата, куклена претстава Хаџиват и Караѓоз, дервишки танц, исто така прикажување на техники на уметностите Ебру, Бакар и Калиграфија.

Со цел подобро да се почуствува турската кулурна традиција посетителите ќе бидат послужени со турско кафе, османлиски маџун и шеќерен памук.