16/04/2024
Охрид

Барање за добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола

Согласно Законот за животна средина (Сл.весникна РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129, 15 и 39/16 ) до Градоначалникот на Општина Охрид доставено е барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола (УП 1 бр.21-3867)

Интегрирано спречувањеи контрола на загадувањето (pdf)

Подносител на барањето :

Градежно друштво ГРАНИТ АД Скопје експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитет Рашанец –Општина Охрид

Адреса на седиштето:

Седиште на компанијата, ул.“Димитрие Чуповски“ бр.8 ,Скопје
Локација на инсталацијата, Локалитет Рашанец КО Опеница, Општина Охрид

Координати на експлоатационо поле :
Т1 y = 7493374; x = 4653180
T2 y = 7493477; x = 4653312
T3 y = 7493449; x = 4653375
T4 y = 7493377; x = 4653393
T5 y = 7493316; x = 4653460
T6 y = 7493282; x = 4653539
T7 y = 7493216; x = 4653542
T8 y = 7493151; x = 4653483
T9 y = 7493153; x = 4653378
T10y = 7493260; x = 4653163

Координати на просторот за кој се доделува концесијата
Т1 y = 7493150; x = 4563100
T2 y = 7493800; x = 4563100
T3 y = 7493800; x = 4563100
T4 y = 7493150; x = 4563800

Контакт лице :
Блага Печенковска, дипл.руд.инж., претставник за животна средина

Седиште на компанијата, ул.“Димитрие Чуповски“ бр.8 ,Скопје
Локација на инсталацијата, Локалитет Рашанец КО Опеница, Општина Охрид

Категорија на инсталацијата :
Прилог2, Точка3, Индустрија на минерали; Точка 3.2 Инсталации за ископ,дробење, мелење, сеење и загревање на минерални суровини од „Уредбата за интегрирано спречување и контрола на загадувањето“ (Сл.Весник на РМ бр.80/09 и 36/12).

Вид на активност:
Инсталации за ископ,дробење, мелење, сеење и загревање на минерални суровини со проектиран капацитет од 25 – 30m3/h.

Барањето во печатена форма ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 15 дена по излегувањето на оваа објава во дневниот печат, во просториите на Општина Охрид секој ден од 10,00 до 16,00 часот, контакт телефон 046/262 492.

Воедно, барањето ќе биде достапно и во електронска форма, на официјалната веб страница на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk

Засегнатата јавност во рок од 30 дена, од денот на објавувањето на барањето, има право да достави мислење и коментари во писмена форма до Локалната самоуправа на Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид (Одделение за заштита и влијание врз животната средина).