24/04/2024
Охрид

Белите пеперутки повторно го „нападнаа“ Охрид

Белите пеперутки повторно го „нападнаа“ Охрид. Поради појавата на овие пеперутки, граѓаните не смеат да ги отворат прозорците. Тие се загрижени, бидејќи како што велат дека и најмал допир со вакви пеперутки предизвикува алергиска реакција. Воедно апелираат до надлежните што поскоро да преземат соодветни мерки, со што би се спречило нивно поголемо размножување.

BeliPeperutki2016_02

Пеперутките се бели, преку ден мируваат, а штом се стемни почнуват да летаат околу светилките. Овие пеперутки се појавија во Охрид и минатата година на почетокот од јули.

BeliPeperutki2016_03

WebOhrid