20/04/2024
Македонија

Бензините поевтинуваат, а поскапуваат дизелот, мазутот и екстра лесното масло

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,40%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.09.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.09.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 65,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.09.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,780 ден/кг.