18/04/2024
Охрид

Бесплатен паркинг од 08:00 до 15:00 часот во Охрид за Водици

ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Богојавление – ВОДИЦИ донесе одлука на ден 19.01.2018 година (петок) користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите нејзини корисници од 08:00 до 15:00 часот.

„Одлуката ја носиме се со цел да помогнеме во подобрата организација на настанот и воедно да им овозможиме на граѓаните на Охрид и на сите гости поголема можност за присуство на самиот настан.

За многу години!!!“ – информираат од претпријатието.