29/03/2024
Охрид

Бесплатен паркинг за Велигден на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Велигден донесе одлука на ден 24.04.2022 година (недела) користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите нејзини корисници.

ЈП „Билјанини Извори“ им посакува на сите граѓани на Охрид, Македонија и на сите наши иселеници од православна вероисповед добро здравје, успех во работата и благосостојба.

Нека ни е честит големиот христијански празник! ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!


WebOhrid / 23.04.2022 / ЈП „Билјанини Извори“