20/04/2024
Дебрца

Бесплатна ужинка и оваа учебна година за сите ученици во ОУ „Дебрца“

„Продолживме со мерката – ужинка за секој ученик во основното училиште, која за првпат ја воведовме минатата учебна година.

Секој ученик ќе добива ужинка во текот на учебната година.

Средствата за ужинката се обезбедени во буџетот на општина Дебрца.

Со оваа мерка сакаме малку да го растеретиме семејниот буџет на родителите, а повеќе да го потенцираме социјалниот моментум, односно до израз да дојде социјалната рамноправност на учениците.

И оваа година продолжуваме и со другите мерки: бесплатна екскурзија, финансиска поддршка за талентираните ученици, награда за првенец и ученици на генерација, поддршка за училишните спортови.“ – истакна градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.